Пројковска го доби дербито на женската ЛШ - ќе им суди на Реал и ПСЖ

​Нова голема чест за македонската судијка Ива Пројковска. УЕФА ѝ довери да го води еден од интересните натпревари во женската Лига на шампиони – пресметката меѓу Реал Мадрид и ПСЖ.

Натпреварот се игра вечерва од 21 часот на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид, а во рамките на првото коло од женската Лига на шампиони. За македонската судијка ова е уште едно значајно назначување на меѓународната сцена. Пројковска во изминатите години редовно добиваше можност да суди натпревари од највисоко европско ниво, а сега пред неа е уште еден голем предизвик.

Во судиската постава е уште една Македонка, Елена Соклевска-Илиевски, како и Летонката, Диана Ванага.