Мелиќи: Привилегија е да бидам дел од овој тим, ќе дадам сè од себе!
Мелиќи беше повикан во сениорскиот тим на Македонија, а денеска на собирот кажа дека е привилегија да се носи дресот на репрезентацијата.
„Прво за мене е привилегија да бидам дел од овој тим. Имаме четири тешки натпревари и мислам дека треба насочите најпрво да ни бидат насочени кон Швајцарија. Се надеваме на позитивен резултат против Швајцарија. Очекувам да дебитирам за Македонија и во секоја минута што ќе ми ја довери селекторот ќе се потрудам да дадам сè од себе“, кажа Мелиќи.
Првиот тренинг на македонските фудбалери е закажан за денеска од 18.30 часот.