Во Мексико падна најубавиот гол оваа година – со спектакуларни ножички (ВИДЕО)
Дуелот помеѓу второпласираниот и третопласираниот тим на табелата донесе неверојатен пресврт во второто полувреме, откако домашната екипа успеа да се врати од негатива од два гола разлика. Натпреварот не започна добро за фудбалерите на Америка, кои на паузата заминаа со негатива од 0-2. Гостите ги стишаа домашните навивачи преку Брајан Гонзалес во 32. минута, а ситуацијата дополнително се влоши кога Мигел Васкез си постигна автогол во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме.
Сепак, во второто полувреме на сцената стапи Мигел Борха, кој за само три минути го реши прашањето околу конечниот исход. Во 71. минута, Борха остана осамен во противничкиот шеснаесетник и ја дочека топката со фантастични „ножички“, постигнувајќи мајсторија каква што ретко се гледа и несомнено еден од најубавите голови оваа сезона. Само три минути подоцна, истиот играч повторно ја затресе мрежата и го постави конечниот резултат 2-2.