Мбапе: Не ја сакам Златната топка за мене, туку за Реал
Францускиот напаѓач истакна дека Златната топка би сакал да ја освои не само поради личниот успех, туку и поради клубот за кој настапува.
„Повеќе од себеси, сакам да ја освојам Златната топка поради Реал Мадрид. Сакам да се врати во најдобриот клуб на светот, на „Сантијаго Бернабеу“, во Мадрид и меѓу мадриѓаните“, изјави Мбапе.
Французинот зборуваше и за Ламин Јамал, со кого често е споредуван поради нивниот квалитет и возраста на која веќе играат на највисоко ниво.
„Мислам дека Ламин е многу талентиран фудбалер. Имам чувство дека го очекува голема кариера. Му посакувам сè најдобро“, порача Мбапе.
Мбапе во Реал Мадрид пристигна со големи очекувања, а освојувањето на Златната топка е една од индивидуалните цели кои би сакал да ги оствари во дресот на шпанскиот гигант.