Атлетико попушта пред Алварез: Можеш во Барса, но под еден услов

Иднината на Хулијан Алварез повторно е во центарот на вниманието, иако летниот преоден рок заврши.

Атлетико му поставил услов на Алварез: 20 гола Според информации кои ги објавија шпански медиуми, Атлетико Мадрид му ветил на аргентинскиот напаѓач дека ќе го пушти во Барса доколку сезонава постигне најмалку 20 гола.

Информацијата првично ја објави новинарот Пипи Естрада во емисијата „Ел Чирингито“, повикувајќи се на разговор меѓу извршниот директор на Атлетико, Мигел Анхел Хил Марин, и Алварез. Според Естрада, условот е Алварез да стигне до границата од 20 гола во сезоната 2026/27, по што клубот би бил подготвен да го ослободи.

Шпанските извештаи нагласуваат дека станува збор за тврдење на Естрада, додека други учесници во емисијата не ја потврдиле експлицитно ваквата конкретна условна понуда.

Интересно е што бројката од 20 гола не е случајна. Алварез минатата сезона постигна 20 гола на 49 официјални натпревари, со девет асистенции. Во првата сезона во дресот на Атлетико, пак, беше уште поефикасен со 29 погодоци.

Токму Алварез беше една од главните трансферни желби на Барселона во текот на летото. Каталонскиот клуб се обиде да го доведе Аргентинецот, но Атлетико одби да преговара и јавно порача дека нема намера да го продаде на Барселона. Клубот од Мадрид дури соопшти дека шансите Алварез да премине во Барса се „нула проценти“.