НФЛ-екипа на стадион пред 60.000 навивачи донесе - бизон! (ВИДЕО)              

Отворањето на новиот стадион „Хајмарк“ во Бафало мина во знакот на победата на Билс против Детроит Лајонс, но еден потег на домаќините предизвика големо внимание и реакции од организациите за заштита на животните.

Пред почетокот на натпреварот, пред стадионот беше донесен бизон по име Брус, кое беше поставено во ограден простор пред навивачите.

Токму овој потег предизвика остра реакција од ПЕТА. Основачката на организацијата, Ингрид Њукирк, оцени дека живо животно не треба да биде користено како дел од забавната програма на спортски настан.