Јувентус го распарчи НЕЦ, Марсеј доживеа катастрофа во Истанбул

Италијанскиот гигант Јувентус немаше милост против НЕЦ и го прегази со 5-0, додека Марсеј беше декласиран со 1-4 од Бешикташ во Истанбул во првото коло од Лига Европа.

„Старата дама“ беше разиграна од самиот старт, па по само девет минути погоди Гонзалес, додека во продолжение стрелаа Алајбеговиќ и Волтемаде за предност од 3-0 на полувреме.

Јувентус постигна уште два погодоци во завршницата од натпреварот, кога стрелаа Челик и Коло Муани за победа од 5-0.

Бешикташ тргна со гол против Марсеј преку Факили во 15. минута, но потоа Абдалах стрелаше за 1-1 во 29. минута.

Второто полувреме беше во корист за турскиот тим, кој погоди уште три пати, и тоа преку Черни, Муриљо и Поку за триумф од 4-1.

На останатите натпревари, Ференцварош славеше со 3-1 против Селтик, Кристал Палас со 4-0 го уништи Лех, Реал Сосиедад загуби од Борнмут со 1-2, а Торенсе го надигра Лилсторм со 2-1.

Фото: Facebook/Juventus