Клоп до германските новинари: Бедно е така да се зарботува за живот!

Јирген Клоп ги критикуваше германските медиуми откако, пред официјалното објавување, протече информација за еден од фудбалерите што се најде на неговиот прв список откако ја презеде германската репрезентација.

Клоп во јули стана нов селектор на Германија, по двегодишна пауза од тренерската работа по заминувањето од Ливерпул. За четирите натпревари во Лигата на нациите објави необично широк список од 44 фудбалери, кои поради тринеделната репрезентативна пауза ќе бидат поделени во две групи.

Особено внимание привлече првиот повик за 23-годишниот Феликс Кајдел, фудбалер на новиот бундеслигаш Елверсберг. Информацијата дека тој ќе биде на списокот се појави во медиумите пред официјалната објава, а Клоп го искоментира тоа на прес-конференција.

„Повторно разговарав со Феликс Кајдел синоќа и го прашав како му изгледаа последните 16 или 17 часа откако некој ја објавил информацијата дека ќе биде на списокот. И патем, можам да кажам дека воопшто не ми е грижа што информацијата излезе порано. Немам апсолутно никаков проблем со тоа. Само мислам дека е малку бедно да заработуваш за живот така што објавуваш работи пред луѓето навистина да треба да ги дознаат. Но добро“, изјави Клоп.

Германија во продолжената репрезентативна пауза ја очекуваат натпревари против Холандија, Грција и Србија.