Анализа: Вардар лани сврте милиони евра, но сѐ уште има - застрашувачки долгови!
Според податоците објавени на Македонската берза, клубот прикажал нето-добивка од околу 632 илјади евра (38,88 милиони денари), што претставува значително подобрување во однос на остварувањето од 245,4 илјади евра во претходната година. Сепак, деталната анализа на финансискиот извештај открива дека Вардар сè уште води тешка битка со огромните наталожени обврски и загуби.
Приливот од работењето на клубот лани достигнал 3,22 милиони евра, за разлика од половината милион остварен во 2024 година, а клубот пријавил и над 1,14 милиони евра дополнителен финансиски приход. Драстично скокнале и расходите кои изнесувале 3,19 милиони евра од кои 165,7 илјади евра за закуп на деловни простории, 130 илјади евра за казни и пенали, како и над 238 илјади евра за плати и придонеси на 25 вработени лица. И покрај растот на добивката, билансот на состојба покажува алармантно намалување на вкупната актива за 81-отсто, која сега изнесува само 157 илјади евра.
Вардар има вкупни краткорочни обврски од 5,13 милиони евра, од кои речиси три милиони отпаѓаат на заеми и кредити. Иако овој износ е намален во однос на 2024 година, обврските се повеќе од 32 пати поголеми од вкупната актива, а капиталот и резервите се во длабок минус од 4,97 милиони евра, со пренесена загуба од 6,41 милион евра.
Целата анализа си сите детали за финансиското работење на Вардар прочитајте ја ТУКА.