„Артета се претвора во нов Сер Алекс Фергусон“
Коментарот на Карагер доаѓа по жестоката реакција на Артета на пеналот досуден против Арсенал во победата од 2-0 над Сандерленд. Судијата Џон Брукс покажа на белата точка по дуелот меѓу Езри Конса и Дан Балард, но пеналот не беше реализиран.
Артета по натпреварот беше исклучително незадоволен од одлуката, нарекувајќи ја „неприфатлива“, а Арсенал дополнително побарал објаснување од судиската комисија за спорната ситуација. Карагер смета дека ваквиот настап на Артета потсетува на Фергусон, кој во времето на доминацијата на Манчестер Јунајтед често јавно ги критикуваше судиските одлуки.
„Микел Артета во моментов се претвора во Сер Алекс Фергусон на Премиер лигата. Тој е човекот со најголема моќ, шампион е на Премиер лигата и веќе шест-седум години е на функцијата“, изјави Карагер.
Поранешниот англиски репрезентативец додава дека не смета оти ситуацијата против Сандерленд била за пенал, но очекува да биде интересно да се види како судиите ќе реагираат доколку во иднина има слична ситуација против Арсенал.
„Не мислам дека беше пенал. Но ќе биде интересно да видиме колку време ќе помине додека некој друг судија досуди пенал против Арсенал во слична ситуација“, додаде Карагер.
Тој посочи дека Артета на прес-конференцијата постојано се враќал на спорниот момент, што според него покажува дека тренерот на Арсенал сакал јасно да испрати порака дека ваквите одлуки не треба повторно да се случуваат на штета на неговиот тим. Карагер како примери за тренери кои знаеле да извршат притисок преку јавните настапи ги посочи и Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо.