Чупиќ има проблем и пред Нант, Лазаревски сигурно нема да игра
На денешната прес-конференција тренерот Иван Чупиќ потврди дека македонскиот репрезентативец има проблем со рамото.
„Тренира сам и не е дел од тимот поради проблеми со рамотоо, сигурно нема да игра против Нант“, изјави Чупиќ.
Исто така неизвесен е и настапот на Жоао Педро Да Силва кој е во завршна фаза од рехабилитацијата. Ќе потсетиме, Чупиќ не може да смета и на Митровиќ кој го одработува вториот натпревар суспензија од четирите колку што доби од ЕХФ за инидентот во последниот европски натпревар минатата сезона.