Чудна ситуација во Франција: Го шокираше ПСЖ, па сега доби отказ
Германецот на почетокот на оваа сезона го презеде најпријатното изненадување од минатата сезона од Пјер Саж, кој замина во Кристал Палас. Сепак, поради серијата лоши резултати на стартот на првенството, доби отказ.
Мандатот на поранешниот тренер на Ајнтрахт започна одлично. Ленс го освои Суперкупот во дуелот против Пари Сен Жермен, а потоа славеше и на стартот од првенството против Оксер. Но, следуваше само една победа во наредните четири натпревари во сите натпреварувања и тоа во Лигата на шампионите против Славија Прага.
Во првенството, Ленс освои само еден бод во претходните три натпревари, па управата на клубот експресно реагираше. Минатата сезона „жолто-црвените“ завршија на второто место во лигата и го освоија Купот.
Сепак, се шпекулира дека лошиот старт не бил главната причина за отказот. Наводно, раководството на клубот побарало од Топмелер да се „ослободи“ од помошниот тренер Нелсон Моргадо. Бидејќи Германецот го одбил тоа барање, разделбата се наметнала како единствена опција.