Сара Ристовска се враќа во репрезентацијата на Македонија (ФОТО)

Селекторот на женската ракометна репрезентација, Игор Марковиќ денеска го објави списокот за меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ кој ќе се игра во Охирд.

За овие натпревари во националниот тим се враќа Сара Ристовски, додека во однос на претходните списоци ги нема Марија Јанкуловска, Теодора Дукоска и Јована Мицевска Митев.

Турнирот во Охирд се игра од 24 до 26 септември и на него ќе учествуваат уште репрезентациите на: Србија, Хрватска и Црна Гора.

Собриот на репрезентацијата е закажан за 21 септември.