Пелистер лесно се справи со Шкупи, Охрид го доби Еуромилк

Денеска во попладневните натпревари во Втората фудбалска лига беа одиграни четири натпревари, а во нив фаворитите не дозволија изненадување.

Пелистер лесно се справи со Шкупи и на свој терен славеше со 4-0 во натпревар во кој целосно доминираше и триумфот можеше да биде уште поубедлив. Два гола постигна Симеон Христов, а по еднаш стрелаа Јорданчо Наумоски и Кире Стојанов.

На првата победа во сезоната се израздува Новаци кој дома го победи Детонит со 3-1. Стрелци за победничкиот состав беа Стефан Јовановски и Никола Талески.

Охрид на свој терен го совлада новајлијата Еуромилк со 3-1, а три бода освои и Кожуф на гости кај Осогово со 1-0.

Во натпреварот кој се одигра вчера Македонија Ѓорче Петров беше подобра од Камјани со 1-0, колото ќе биде затворено со вечерашниот дуел од 19:00 часот помеѓу Беласица и Тетекс.