Шарапова го украде шоуто на Ју-Ес опен – сите зборуваа за нејзината убавина (ВИДЕО)
Некогашната прва тенисерка на светот ја доби честа да го изнесе шампионскиот трофеј на централниот терен „Артур Еш“, точно две децении откако и самата го освои турнирот во Њујорк во 2006 година. По нејзиното појавување во јавноста, социјалните мрежи беа преплавени со позитивни коментари за нејзината убавина и елеганција.
Иако актерите во финалето настапуваат под различни знамиња, сите три тенисерки без проблем се разбраа и комуницираа на руски јазик. Новата шампионка Елена Рибакина, која од 2019 година настапува за Казахстан, во срдечен разговор при доделувањето на трофејот упати зборови на благодарност до прославената Русинка. Шарапова, која е родена во рускиот град Њагањ, уште од 1994 година како седмогодишно девојче се преселила и живее во САД.
Во текот на својата професионална кариера, која траеше од 2001 до 2020 година, Шарапова освои пет грен-слем титули, а во 2005 година стигна до првото место на ВТА листата, додека големо внимание во јавноста предизвикуваше и нејзиното пријателство со Новак Ѓоковиќ. На приватен план, некогашната шампионка од 2018 година е во врска со британскиот бизнисмен Александер Гилкс, со кого се сврши и во 2022 година доби дете. Претходно, таа беше во повеќегодишни врски со словенечкиот кошаркар Саша Вујачиќ и бугарскиот тенисер Григор Димитров.
ФОТО: Х / @wtagunlugu