Херера херој за Борац, го реши дербито во БиХ (ВИДЕО)

Maкедонскиот репрезентативец Себастијан Херера игра во одлична форма пред натпреварите од Лигата на Нации, а во последниот натпревар за Борац беше херој во дербито со Зрињски.

Борац победи 1-0 во натпреварот на домашен терен, а Херера голот за победа го постигна во финишот од првото полувреме кога одлично се уфрли во празен простор и го матираше противничкиот чувар на мрежата.

За Зрињски кој е лидер на табелата во БиХ ова беше прв пораз по шесте стартни победи од почетокот на сезоната. Борац пак стигна до својата четврта победа, а има уште по едно реми и пораз на втората позиција со 13 бода, пет помалку од Зрињски.