Рибакина е нова шампионка на Ју-Ес опен - Сабаленка имаше нервен слом (ВИДЕО)
Рибакина има фантастичен турнир бидејќи уште претходно си го обезбеди првото место на ВТА листата, а сега и ја прекина доминацијата на турнирот кој Сабаленка го освојуваше три години во низа.
Финалето беше нивни 18-ти меѓусебен дуел, а 15-ти пат се сретнаа на тврда подлога. Вкупниот скор пред мечот во Њујорк беше 10:7 за Сабаленка, додека двете тенисерки имаа по седум победи во претходните 14 меѓусебни дуели на тврда подлога. Затоа и се очекуваше дека ова нема да биде меч во кој некоја од ривалките лесно ќе стигне до победата и до наградата од 5,5 милиони американски долари. За Рибакина ова беше вкупно трет грен-слем во кариерата претходно го освои Вимблдон во 2022 година и Австралија Опен оваа година каде што исто така ја победи Сабаленка во финалето.
Пред церемонијата на доделување награди, кон Сабаленка и нејзиниот тим беше насочена една од камерите, но вознемирената тенисерка прво го удираше рекетот од земја, па беше незадоволна од вниманието на камерманот и го опцу.
„Навистина е тешко да ги контролираш емоциите кога ќе изгубиш финале на грен слем. Да го чував сето тоа во себе, немаше да можам да кажам ниту збор потоа или ќе кажев некои многу непријатни работи. Само сакав да го ослободам мојот гнев и разочарување“, се бранеше Сабаленка на прес-конференцијата.