Непријатна сцена во Ла Лига: Млад напаѓач по жесток судир изгуби свест!

Расинг Сантадер и Алавес одиграа одличен натпревар во шпанската Ла Лига кој заврши со победа на домаќините од 2-1.

Алавес прв дојде до водство со голот Коски во 18-тата минута за домаќините потоа да направат пресврт со головите на Забири, но крајот на мечот го обележа и една непријатна сцена.

Младиот напаѓач на Алавес Аитор Манас во самата завршница имаше жесток судир со глава со Хорхе Салинас и во тој дуел потешко помина. Се обиде Манас да стане, меѓутоа беше забелжително дека нема контрола и не знае каде се наоѓа.

Свесни што се случува, соиграчите и противничките фудбалери му помогнаа да легне на треватата и по укажаната помош со носилки беше изнесен од теренот.