Мбапе: Тоа што на СП имам повеќе голови од Меси нешто значи - може да бидам на најдобар!

Килијан Мбапе имаше добра сезона, а Французинот кога во прашање е „Златната топка“ и можноста да го добие најпрестижното индивидуално признание во клупскиот фудбал воопшто не е скромен.

Мбапе истакна дека има аргументи и тој да ја освои наградата:

„Имам аргументи да ја освојам, како тоа што сум најдобар стрелец во историјата на светските првенства.“

Потенцираше и дека за него е неверојатно тоа што успеал на 27 години да биде најдобар стрелец на мундијалите. 

„Имам чувство дека можам да ја освојам оваа година. Велат дека не сум освоил ниту еден тимски трофеј, но ова е индивидуална награда. Никогаш не сум видел некој едногласно да биде избран за „Златната топка“, но јас имам свои аргументи.

Најдобар сум стрелец во историјата на светските првенства и кога ќе помислам дека на 27 години сум играчот кој постигнал најмногу голови на најголемиот турнир во овој спорт, надминувајќи дури и легенда како Меси, мислам дека тоа нешто значи. „Златната топка“ никогаш не ја добиваат обични играчи, туку само исклучителни, како Меси или Кристијано, а мислам дека оваа година направив некои поинакви работи.“

Неодамна беа објавени и сите 30 кандидати кои ќе се борат за оваа награда која ќе биде доделена на свечена церемонија на 26 октомври во Лондон.