Капитенот на Косово бесен на сојузот се повлече од репрезентацијата (ФОТО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Косово, Амир Рахмани, објави дека се повлекува од репрезентацијата бидејќи е незадоволен од работата на челниците на Фудбалскиот сојуз.

Рахмани кој има 32 години и настапува за Наполи донесе ваква одлуки по репрезентативна кариера од десет години и нагласи дека би се вратил само со нови луѓе во раководството.

„По десет години во репрезентацијата, од кои седум како капитен, сакам да ве информирам дека повеќе нема да бидам дел од тимот додека Сојузот го водат овие луѓе“, објави Рахмани на Инстаграм.

Рахмани објасни дека оваа одлука е последица на неговото долгогодишно незадоволство од работата на Сојузот. Тој наведе дека играчите со години укажувале на проблемите, но ситуацијата не се променила, поради што морал да ја донесе оваа драстична одлука „како човек и капитен“.

Според неговите зборови, репрезентативците постојано се соочувале со игнорирање на нивните забелешки и барања, а тој лично повеќе од две години трпел координирани напади, и тоа од лица кои требало да ја штитат репрезентацијата.

„Еден ден правдата ќе излезе на виделина“, порача на крајот од својата објава.