Челси знае да награди: Португалецот кој Алонсо го препороди доби нов договор!
Неговиот претходен договор истекуваше во 2031 година, а крилниот фудбалер го продолжи за уште една година. Британските медиуми пренесуваат дека клубот значително му ја зголемил платата.
Нето сезонава настапи на секој натпревар под водство на новиот менаџер Чаби Алонсо. Шпанецот му ја промени позицијата и го помести на десната страна, во улога на офанзивен бек во формација со тројца дефанзивци, а Португалецот засега одлично се снаоѓа во новата улога.

По повод новиот договор, со кој Челси ја награди неговата посветеност кон тимот и одличната форма, Нето изјави дека со нетрпение го очекува продолжението на сезоната.
„Ова е неверојатен момент. Од моментот кога пристигнав, чувствувам дека луѓето овде многу ми помогнаа. Се чувствувам како дома и сакам овде да постигнам уште повеќе успеси“, изјави Нето.
Нето така им се придружи на Мојсес Каиседо и Жоао Педро на листата на фудбалери на Челси кои годинава потпишаа нови договори.