Се соблече најсексапилната олимпијка во светот - фановите во транс (ФОТО)
Дваесет и седумгодишната спортистка се наоѓа на заслужен одмор по исклучително успешната натпреварувачка и маркетинг сезона, од каде што испрати „поздрав“ до фановите со разголени фотографии. Таа на неодамна завршените ЗОИ го освои златниот медал во трката на 1.000 метри, поставувајќи нов олимписки рекорд, а нејзиниот успех беше надополнет и со освоен сребрен медал. Таа претходно веќе имаше освоено сребро на Олимпијадата во Пекинг четири години претходно. По спортските успеси, холандската лизгачка сподели фотографии од нејзиниот одмор кои предизвикаа огромна реакција кај нејзината публика на социјалните мрежи, каде што брои вкупно околу 10 милиони следбеници на платформите Инстаграм и ТикТок.

Покрај спортските достигнувања, Лердам се етаблираше како една од највлијателните маркетинг фигури во зимските спортови. Според проценките на експертите, нејзините годишни приходи од спонзорства се движат помеѓу 400.000 и 550.000 фунти, додека нејзината вкупна нето-вредност се проценува на околу четири милиони фунти. Нејзиното маркетинг влијание особено дојде до израз за време на Игрите, кога виралниот момент со откопчувањето на нејзиниот спортски комбинезон наводно ѝ донел заработка од 730.000 фунти. Дополнително, нејзиниот златен натпреварувачки комбинезон неодамна беше продаден на аукција за 195.000 евра.
Медиумскиот интерес за холандската спортистка дополнително се зголеми и поради нејзиниот приватен живот. Од април 2023 година, таа е во јавна врска со популарниот јутјубер и боксер Џејк Пол, кој ја бодреше и од трибините во Милано. Нивната неодамнешна свршувачка дополнително придонесе за нејзината континуирана присутност во светските медиуми.