Партизан го промовира дресот за новата сезона – изгледа спектакуларно (ВИДЕО)

Кошаркарскиот клуб Партизан официјално ја претстави новата гарнитура на дресови за претстојната сезона, а премиерниот настап во новата опрема ќе го имаат утревечер од 20 часот, кога во салата „Пионир“ ќе се соочат со шпанска Фуенлабрада.

Средбата има посебно емотивно значење поради историските пријателски и братски врски кои ги негуваат овие два клуба уште од 1992 година, кога Партизан ги играше своите натпревари како домаќин токму во предградието на Мадрид. Белградскиот клуб ја промовираше новата опрема преку видео-запис објавен на своите официјални канали, испраќајќи силна мотивациска порака до играчите и навивачите користејќи добро познати навивачки стихови.

„Нека не игра тој што се крши, кому не му чука срце челично. Црно-белите бои ги брани со крв, со слава, со живот“, порачаа од Партизан при претставувањето на дресовите.

Денеска Остоја Мијаиловиќ доби нов мандат како претседател на КК Партизан, откако на седницата на Собранието ја доби довербата од делегатите за да продолжи со реализација на клучните стратешки проекти на клубот. Главни приоритети во неговиот нов мандат ќе бидат добивањето статус на франшиза во Евролигата и изградбата на модерен тренинг центар вреден околу 4,5 милиони евра.