Проблеми за Швајцарците пред Македонија: Премиерлигашка ѕвезда се скара со селекторот Јакин!
Окафор одлуката ја објави на социјалните мрежи и јасно нагласи дека не станува збор за конечна репрезентативна пензија, туку дека нема да игра додека селектор е Мурат Јакин.
Нивниот однос како што пренесуваат медиуми подолго време е проблематичен, Окафор на Европското првенство во 2024 година не доби ниту една минута, по што јавно се зборуваше за неговото незадоволство и однесувањето во репрезентативниот камп.
Следеше период во кој Јакин не го повикуваше, а Окафор подоцна ѝ се извини на екипата за своите постапки. На почетокот на оваа година Јакин и членовите на стручниот штаб го посетија во Англија, разговараа и се чинеше дека проблемите се оставени зад нив бидејќи тој оптатува на Светското првенство.
Сепак, сега во своето обраќање меѓу другото потенцираше дека не е задоволен од односот кон него на Мундијалот во САД.
„Долго време верував дека ситуацијата ќе се промени. Една година по Европското првенство, Мурат Јакин специјално дојде во Англија со членовите на стручниот штаб за да разговара со мене и да ги разјасниме работите. Тоа беше многу коректен и добар разговор. Можевме да гледаме напред и да ги решиме недоразбирањата. Бев благодарен на Мурат Јакин за тоа.
Токму затоа отпатував на Светското првенство со добро чувство, полн со мотивација и со цврста намера да дадам сè за тимот и Швајцарија. Затоа она што го доживеав таму уште повеќе ме разочара. Не затоа што малку играв, туку поради начинот на кој се однесуваа кон мене. За мене тоа беше најтешкиот период во досегашната кариера“, објави Окафор.
Македонија и Швајцријa ќе ги одмерат силите во рамките од Лигата на Нации на 26 септември во Скопје.
Danke schweiz. 🇨🇭🙏🏽 pic.twitter.com/eAxSnGS1Rb
— Noah Okafor (@noah_okafor) September 10, 2026