Ѓорѓиев ги налути националистите во Бугарија - не сакаше да зборува бугарски! (ВИДЕО)
По натпревар бугарски новинар во микс-зоната побара изјава од македонскиот репрезентативец, меѓутоа тој се одлучи изјавата да ја даде на англиски јазик, иако го зборува бугарскиот јазик со оглед на тоа што шест години помина во првенството на Бугарија.
Ваквиот потег на Ѓорѓиев предизвика реакции на социјалните мрежи помеѓу бугарските фанови затоа што не зборувал на бугарски, сепак треба да се каже и дека Ѓорѓиев ги почитуваше инструкциите од Европската одбојкарска федерација изјавите во микс-зоната да се даваат на англиски јазик.