Јаја Туре против европскиот шампион вечерва испишува историја во ЛШ
Како фудбалер, Туре освои речиси сè што можеше. Со Барселона и Манчестер сити стигна до најголемите европски трофеи, а со репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска стана и африкански шампион.
По завршувањето на блескавата играчка кариера, сепак, не му беше лесно да направи пробив како тренер. Работеше на различни позиции во Лејтон Ориент, Олимпик Доњецк, Ахмат Грозни, академијата на Тотнем и Стандард. Беше и асистент во репрезентацијата на Саудиска Арабија, но никаде немаше можност да биде прв тренер.
Тоа се промени во јуни 2026 година, кога Слован Братислава му понуди тригодишен договор. Словачкиот клуб сакаше големо фудбалско име на клупата, додека Туре конечно доби можност да започне сопствен долгорочен проект и да престане да работи исклучиво како помошник.
Слован успешно ги мина квалификациите за Лигата на шампионите, а вечерва го очекува спектакуларен предизвик, гостување кај актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен во Париз. Во овој натпревар Туре ќе стане првиот афрички тренер кој предводел екипа во главната фаза од Лигата на шампионите.
„Ќе биде тешко, ПСЖ е одличен тим. Ние ќе играме без страв, со голема желба. Мора да покажеме карактер за да издржиме против тим составен од најдобрите светски фудбалери“, изјави Туре пред натпреварот.
Дуелот е закажан за во терминот од 21:00 часот.