Eдна од најголемите ѕвезди ги шокираше Мароканците, нема да игра за репрезентацијата!

Една од најголемите ѕвезди на мароканскиот фудбал, Софијан Амрабат донесе одлука да се повлече од националниот тим поради конфликт со актуелниот селектор Мохамед Уахби.

Амрабат својата одлука ја соопшти преку социјалните мрежи, но веднаш нагласи дека не се простува од репрезентативниот фудбал, туку дека нема да го носи репрезентативиот дресот дека Уахаби е селектор.

„Да го претставувам Мароко беше најголемата чест во мојата кариера. Откако пред 12 години го добив првиот повик, давав сè за мојата земја и со гордост го носев дресот на репрезентацијата. Мојата љубов кон Мароко и кон сè што ми значи оваа репрезентација никогаш нема да се промени“, порача Амрабат.

Потоа ја соопшти одлуката која привлече најголемо внимание.

„Ова беше многу тешка одлука, но не чувствувам дека можам да продолжам да ја претставувам репрезентацијата под водство на актуелниот селектор. Затоа одлучив да не бидам на располагање на репрезентацијата сè додека тој е на таа функција.“

Амрабат не објасни што довело до неговиот конфликт со Мохамед Уахби, кој ја презеде репрезентацијата во март, по заминувањето на Валид Реграги.

„Од почит кон репрезентацијата и кон сите инволвирани, причините кои стојат зад оваа одлука претпочитам да ги задржам за себе.“

Амрабат дебитираше за репрезентацијата на Мароко пред 12 години и долго време беше еден од најважните играчи на националниот тим.