Мбапе го „отвори“ Интер и влезе во топ-5 стрелци во историјата на ЛШ (ВИДЕО)

Дербито на првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите се игра во Мадрид каде Реал го пречека поранешниот тим на Жозе Мурињо, Интер.

На првиот гол се чекаше 14. минути, а резултатот го отвори најдобриот стрелец на домашниот тим Килијан Мбапе. По одличната акција, Брахим Дијаз го проигра Французинот, а овој рутинирано ја затресе мрежата на Интер.

За Мбапе тоа е 71. гол во Лигата на шампионите и со него се израмни со Раул на петтата позиција на вечната листа на стрелците во елитното натпреварување. Разиката е во тоа што на францускиот за оваа бројка му беа потребни само 98 настапи, а на Раул дури 142.