Четворица Шпанци меѓу петте кандидати за тренер на годината

Шпанската тренерска школа доминира во изборот за најдобар тренер во 2026 година во изборот на Франс фудбал. Дури четворица од петте номинирани тренери се Шпанци, што е несекојдневен успех за една фудбалска нација.

Во конкуренција за престижната награда се Микел Артета, Луис де ла Фуенте, Унаи Емери, Винсент Компани и Луис Енрике.

Артета е номиниран по одличната сезона со Арсенал, додека де ла Фуенте се најде меѓу кандидатите како селектор на Шпанија. Емери ја предводеше Астон Вила до трофејот во Лигата на Европа и четвртото место во Премиер-лигата. Четвртиот кандидат е Луис Енрике, кој со Пари Сен Жермен стигна до врвот на европскиот фудбал и ја освои Лигата на шампионите, покрај титулата во домашното првенство.

Единствениот кандидат кој не е Шпанец е Винсент Компани. Белгиецот со Баерн Минхен ја освои двојната круна во Германија и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Интересно е што наградата, позната како Трофеј „Јохан Кројф“, ги зема предвид достигнувањата од сезоната 2025/26, како и настапот на Светското првенство во 2026 година. Победникот ќе биде прогласен на церемонијата на „Златната топка“ на 26 октомври.