Шок за Швјонтек на Ју-Ес Опен: Водеше 5-0, па загуби без освоен сет!

Полската тенисерка, Ига Швјонтек доживеа неочекувана елиминација од Ју-Ес Опен откако беше поразена од кинеската претставничка со 7-5 и 6-3.

Фуриозно тргна фаворитката во мечот и во првиот сет водеше со 5-0, но тогаш дојде до неочекуван пад во нејзината игра. Женг спаси три-сет топки и направи пресврт.

Во вториот сет Швјонтек не искористи две брејк-топки при резултат 3-2, а во продолжение не освои ниту еден гем и го загуби мечот.  Женг по големата победа во четвртфиналето ќе игра против победничката од пресметката помеѓу Осака и Рибакина.

Место во осминафиналето обезбеди и Мира Андреева која беше подобра од Анастасија Потапова со 2-1 (5-7, 7-5, 6-1).