Необична сцена на пресот на Мурињо, новинар со уникатен подарок го потсети на 2010 година (ВИДЕО)
Интер е еден од клубовите со кој Мурињо оствари најголеми успеси во кариерата, па така во моментите кога тргна да ја напушти ја просторијата, еден од новинарите му подари прскалка за трева. Секако, не станува збор за случајно избран подарок, туку за јасна алузија на познатото полуфинале од Лигата на шампионите во 2010 година меѓу Барселона и Интер.
Un periodista italiano le ha regalado un aspersor a Mourinho al acabar la rueda de prensa en Valdebebas.
— Abraham P. Romero (@AbrahamPRomero) September 7, 2026
Surrealismo extremo.@elmundoes pic.twitter.com/5DYuKYo5vN
Мурињо тогаш ги предводеше „нераѕурите“, кои по победата од 3-1 во Милано, во реваншот на „Камп Ноу“ загубија со 1-0, но изборија пласман во финалето. Следуваше големо славје на италијанскиот тим на теренот на Барселона, а особено се памети Мурињо, кој со кренат прст го прославуваше пласманот.
Набрзо беа вклучени прскалките на стадионот, па Мурињо и неговите фудбалери го прославуваа пласманот во финалето додека ги полеваше вода. Токму поради таа позната сцена, новинарот сега му подари прскалка на Португалецот.