Звезда го доби 180. вечно дерби – нашиот Гаштаров изнуди пенал за победа (ВИДЕО)
Значаен придонес за победата на „црвено-белите“ имаше македонскиот интернационалец Матеј Гаштаров, кој го изнуди решавачкиот удар од белата точка. Натпреварот започна со историски момент откако гостите од Партизан го отворија резултатот уште во 51-та секунда со голот на Бразилецот Џе, кој го постигна најбрзиот погодок во историјата на меѓусебните пресметки на белградските ривали. Црвено-белите, сепак, брзо ја консолидираа својата игра и израмнија веќе во 17-тата минута преку Бамба Џенг. Целосниот пресврт беше комплетиран во 28-мата минута. Нашиот Гаштаров, кој ќе се најде на списокот на селекторот Гоце Седлоски за средните од Лигата на нации, беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник, по што судијата досуди пенал, а сигурен реализатор беше Мирко Иваниќ.
Ц. Звезда со овој триумф го задржа максималниот учинок во српската Суперлига и останува лидер на табелата со шест победи од исто толку одиграни натпревари. Од друга страна, Партизан го забележи својот четврти пораз на седум одиграни натпревари, со што во моментов се наоѓа на 12-тата позиција на првенствената табела со вкупно седум освоени бода.