Гаштаров изнуди пенал, Звезда направи пресврт (ВИДЕО)
Тинејџерот доби шанса во стартната постава на Звезда и максимално ја искористи. По раното водство на Партизан и израмнувачкиот гол на Диенг, Гаштаров во 27. минута беше фаулиран од Ѓурѓевиќ во противничкиот шеснаесетник.
Главниот судија во прв момент не реагираше, но по сугестијата од ВАР собата покажа на белата точка од каде прецизен беше Мирко Иваниќ.