Дербијата во ВМФЛ во знакот на домаќините, се радуваа Пелистер и Брера
Пелистер по двете ремија во првите две кола сега врза и две победи и откако во минатиот викенд ја совлада Македонија Ѓорче Петров, денеска беше и подобар од Работнички со 2-0. Дебармааллци пак кои имаа две страрни победи го доживеаја првиот неуспех.
Резултатот во Битола беше отворен по само четири минути кога Христов погоди за 1-0. По нешто помалку од половина час игра, Пелистер доби најстрога казна која во гол ја претвори Мартин Мирчевски.
Вториот натпревар кој се играше во Струмица беше одлучен со еден гол и во него Брера со 1-0 беше подобра од Македонија Ѓорче Петров.
РЕЗУЛТАТИ ОД ЧЕТВРТОТО КОЛО:
Детонит – Осогово 2-1
Еуромилк – Шкупи 4-0
Камјани – Новаци 1-0
Кожуф – Беласица 2-2
Тетекс – Охрид 0-3