Партизан ја шокираше Звезда со најбрзиот гол во историјата на „вечното дерби“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Партизан имаа старт од соништата на 180. „вечито дерби“, откако Же ја затресе мрежата на Црвена Звезда уште во 50. секунда од натпреварот на „Маракана“.

Бразилецот приреди вистински шок за домашните навивачи, а неговиот погодок влезе во историјата како најбрз гол постигнат во „вечното дерби“, меѓу двата најголеми српски клуба.

Партизан тргна офанзивно и уште во првата минута успеа да го искористи просторот во одбраната на домаќините. Же беше на вистинското место и со прецизен удар го совлада голманот на Звезда за експресно водство на црно-белите. Претходниот рекорд го држеше поранешниот напаѓач на Црвена Звезда, Уго Виеира, кој во 149. дерби постигна гол по 58 секунди игра. Пред него, рекордер беше легендарниот Драган Манце.

Така, Же не само што му донесе рано водство на Партизан во најголемиот српски фудбалски натпревар, туку испиша и нова страница во историјата на едно од најпознатите ривалства во европскиот фудбал.