Србија со еден загубен сет ја доби Полска за европска бронза
Србинките беа подобар противник во речиси целиот меч, а не беа на нивото само во третиот кој го загубија со 15-25, додека останатите три ги добија со: 25-21, 25-19 и 25-18.
Причината за загубениот сет може да се бара и во шокот кој доживеаја одбојкарките откако на селекторот Зоран Терзиќ му се слоши и замина во соблекувалната. За времето додека беше во соблекувалната, мечот продолжи и Србија ја водеше неговиот заменик.
За среќа не стануваше збор за нешто сериозно и Терзиќ по кратката пауза се врати на клупата и ја предводеше својата репрезентација до бронза.