Јунајтед по драма со Евертон остана без победа во последната секунда! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед и Евертон во вистинска драма ги поделија бодовите одигрувајќи 2-2.

Првото полувреме речиси и да не донесе никакви возбудувања, видовме само по еден удар во рамките од голот на двете страни, па мрежите мируваа.

Само што почна вториот дел, Мбуемо на асистенција од Мајно ги доведе гостите од Манчестер во водство. Го чувааа избраниците на Керик се до завршницата. Тогаш Тајрик Џорџ во 83-тата минута со еден одличен гол со силен удар се погрижи за израмнување.

Но, Јунајтед беше одлучен во намерата денеска да победа, па така само пет минути подоцна на сцена стапи Бенјамин Шешко кој погоди за 2-1.

Сепак, драмата не заврши тука, засилувањето од Арсенал, Мејтланд-Најлс кој во игра влезе во 77-тата минута во последните секунди од мечот постигна втор гол за Евертон и ги постави конечните 2-2.

За Манчестер јунајтед ова беше прво реми сезонава откако во првите две кола забележа пораз против Хал и победа против Ипсвич. Евертон пак вторпат ремизираше бидејќи и минатиот викенд одигра 1-1 со Борнмут.