Прекин во Монца уште на стартот, Леклер силно се заби во ѕид! (ВИДЕО)

На самиот почеток уште во третиот круг дојде до прекин на трката откако Шарл Леклер од редовите на Ферари излета и силно се заби во заштитната ограда.

Леклер на еден од свиоците изгуби контрола и излета од патеката, а неговиот болид по ударот беше целосно уништен.

Во моментот на прекинот во водство на патеката беше Џорџ Расел од Мерцедес, пред освојувачот на пол-позицијата Пјер Гасли и Макс Верстапен.

Фото: Formula 1