Eуромилк го преслуша Шкупи, реми на Беласица во Гевгелија

Денешната програма од Втората лига донесе пет натпревари во кои најголемото изненадување го приреди Кожуф кој успеа да остане непоразен против лидерот Беласица.

Струмичкиот состав одигрувајќи 2-2 не победи и на вториот натпревар откако ремизираше и во претходното коло со Детонит. Детонит пак денеска им се врати на победите и со 2-1 на свој терен беше подобар од Осогово.

Најубедлива победа запиша Еуромилк кој го декласираше последнопласираниот Шкупи со 4-0. Камјани кој е новајлија во втората лига на почетокот е едно од најпријатните изненадувања и веќе дојде до втората победа во првите четири натпревари славејќи со 1-0 над Новаци.

Во последниот натпревар Охрид на гости кај Тетекс во Тетово се радуваше на триумф од 3-0.

Утре во истиот термин од 16:30 часот се среќаваат Брера – Македонија Ѓорче Петров и Пелистер – Работнички.