Башкими во „дербито на дното“ ги освои првите бодови (ФОТО)
Башкими до денешниот натпревар загуби на сите пет дуели, меѓутоа денеска беше подобар противник од ривалот и ги освои бодовите. Скопје пак останува единствен тим без триумф, но исто така има три бода со три ремија во првите пет кола.

Кумановскиот состав го отвори резултатот во 28-та минута преку Да Силва и тоа беше единствениот погодок во првото полувреме. Вториот гол на Башкими беше дело на Адис Мурати во 62-та минута, додека Скопје седум минути подоцна се врати во игра со голот на Али Адем од пенал.
До крајот домашниот состав немаше сили да дојде до втор гол, па бодовите патуваат во Куманово.
Сега Скопје и Башкими на последните две позиции на табелата имаат по три бода.

