Новајлија е хит во Бундеслигата, режираше спектакуларен пресврт за втора победа! (ВИДЕО)
Новајлијата во германската елита покажа неверојатен карактер, Менхенгладбах поведе во 11. минута преку Хуго Болин, но Давид Моква Нтусу израмни во 29. минута. Сепак, домаќинот на пауза замина со предност, бидејќи Болин со својот втор гол во 44. минута донесе 2-1.
Кога Џо Скали во 56. минута зголеми на 3-1, изгледаше дека Елверсберг ќе го доживее првиот пораз во Бундеслигата. Гостите, сепак, не помислија да се предадат.
Михаел Кратенмахер во 66. минута намали на 3-2, а Фисник Кајдел во 80. минута стрелаше за израмнување и најави драматична завршница. Целосниот пресврт се случи во третата минута од судиското продолжение. Кратенмахер со својот втор гол на натпреварот му донесе победа на Елверсберг од 4-3 и предизвика големо славје кај гостинската екипа.
🚨🇩🇪 | GOAL: MAURICE KRATTENMANCHER GIVES THE LEAD FOR ELVERSBERG IN THE 91ST MINUTE!
— TheGoalsZone (@TheGoalsZone) September 5, 2026
WHAT A SURPRISE IN THE BUNDESLIGA!
M'gladbach 3-4 Elversberg. pic.twitter.com/AlbvOvV5l8
Елверсберг така, по сензационалната победа над Баер Леверкузен сруши уште еден силен противник. Клубот од местото со само околу 13.000 жители штотуку влезе во највисокиот ранг, а по првите две кола има максимални шест бода и е најголемото изненадување во овие први две кола.
На останатите средби Борусија исто така со пресврт од 2-0 до 2-3 славеше над Хофенхајм, Вердер дома го совлада Лајпциг со 3-1, Фрајбург со минимални 1-0 беше подобар од Падерборн и Баер Леверкузен на свој терен запиша убедлива триумф од 4-0 над Унион Берлин.