Пјер Гасли ги шокираше сите на квалификациите во Монца!

Пјер Гасли направи големо изненадување и ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Италија на патеката во Монца.

Французинот го извозе најбрзиот круг во завршниот дел од квалификациите со време од 1:21,786 и така стигна до првата пол-позиција во кариерата во Формула 1.

Гасли за само 60 илјадитинки беше побрз од Џорџ Расел од Мерцедес, додека третото место го освои возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој заостана 0,180 секунди.

Големо разочарување квалификациите донесоа за Ферари. Италијанскиот тим на домашната трка пристигна со големи подобрувања и високи амбиции, но Шарл Леклер и Луис Хамилтон едвај обезбедија пласман во завршниот дел од квалификациите, а на крајот Леклер беше четврти, Хамилтон петти.

Макс Верстапен го освои шестото место, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, беше седми. Италијанецот, сепак, поради казна за промена на компоненти од погонската единица ќе стартува од последното место, без оглед на резултатот остварен во квалификациите.

Меѓу најдобрите десет се пласираа и Франко Колапинто, Ландо Норис и Лиам Лосон.

Фото: Formula 1