Нема финале за Србија, Турчинките идзоминираа пред 15.000 гледачи!
Турција пред полната сала во која имаше над 15.000 гледачи одигра одличен натпревар и сосема заслужено дојде до финалето каде што ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Полска и Италија.
Репрезентативките на Турција доминираа во текот на целиот меч, Србија парираше само на поичетокот од првиот сет кога ја имаа и единствената предност на дуелот (7-6). Во продолжение домашната селекција целосно ја презема контролата и чекореше кон победата.
Вториот и третиот сет донесоа уште посигурна игра на Турчинките кои сега го чекаат противникот во финалето.