Јамал може да стане најмлад капитен во историјата на Барселона

Актуелниот шампион на Шпанија, екипата на Барселона, денеска објави дека во претстојната сезона прв капитен на тимот ќе биде Бразилецот Рафиња.

Трет капитен на тимот е Ерик Гарсија, а четврти Френки де Јонг, додека петти е Ламине Јамал, кој доколку некогаш ја носи капитенската лента, ќе стане најмладиот капитен во историјата на Барселона.

„Рафиња и Педри ќе бидат прв и втор капитен на екипата. За клупската хиерархија одлучи тренерот Ханси Флик, но и интерното гласање“, потврди Барселона.

Инаку, Рафиња сезонава игра феноменално и на трите одиграни натпревари постигна пет гола.