Додека Македонија беше понижувана на МИ, стручниот штаб снимал рилсови за социјални мрежи (ВИДЕО)

Женската ракометна репрезентација беше еден од најлошите претставници на Македонија на неодамнешните Медитерански игри, откако го освои последното место на турнирот.

Избраничките на селекторката Даниела Новеска загубија дури и од Косово во битката за избегнување на самото дно, со што предизвикаа револт кај спортската јавност, која и претходно беше разочарана од нивните игри. Причина за тоа се катастрофалните порази од Тунис и од Алжир со неверојатна вкупна негатива од 46 голови (11-43 и 23-37). Причините за овие ужасни резултати допрва ќе бидат направени во РФМ, која како матична федерација го избра селекторот и нејзините помошници, но деновиве во јавноста се појавуваат и видеа кои само дополнително го зголемуваат револтот во јавноста.

 

 

Еден од тие е снимката објавена од т.н. стример Боби Милс, кој беше дел од македонската делегација на игрите во Таранто (Италија), на кој се гледа како наместо да се воигруваат и подготвуваат за противниците, селекторката Новеска и тим-менаџерот Индира Кастратовиќ го учат како се игра ракомет. Ова можеби било по завршување на тренингот, но покажува дека бламажата во Таранто воопшто не влијаеле врз нашиот стручен штаб, кој наместо да работи на формата на ракометарките глумел инфлуенсерство и снимале т.н. рилсови за социјалните мрежи.