Сабаленка скокна уште една пречка - гази кон одбрана на титулата!
Белорусинката шести пат по ред се пласира во втората недела на турнирот во Њујорк, а во претходните пет настапи стигнуваше најмалку до полуфиналето со освоени титули во 2024 и 2025 година.
Првата тенисерка во светот не ѝ дозволи на противничката ниту една брејк-топка, а на Сабаленка ѝ беше доволно по еднаш во двата сета да ѝ го одземе сервисот за да ја заврши работата за час и половина.
Тенисерката од Узбекистан пружи силен отпор, долго одолеваше во вториот сет и успеа да спаси четири брејк-топки на фаворитката. Сепак, попушти при резултат 4-4 и повеќе немаше враќање.
Сабаленка во борбата за четвртфиналето ќе се соочи со подобрата од дуелот Дијана Шнајдер – Тејлор Таунсенд. Доколку се пласира меѓу најдобрите осум, според проекциите би можела да се сретне со Марта Костјук или Линда Носкова, актуелната шампионка на Вимблдон.
Доколку сака да го задржи тронот пред Елена Рибакина, 28-годишната тенисерка од Минск мора да ја одбрани титулата.
Фото: US Open Tennis Championships