Сабаленка прекина меч на Ју-Ес Опен: Некој пуши марихуана...(ВИДЕО)

Арина Сабаленка се пласираше во осминафиналето на Ју-Ес Опен, но нејзиниот меч од третото коло го одбележа и една необична ситуација.

Првата тенисерка во светот ја совлада Узбекистанката Камила Рахимова со 6-3, 6-4, но за време на мечот на стадионот „Луис Армстронг“ накратко ја прекина играта поради мирис на марихуана.

Сабаленка одлично го започна мечот и брзо стекна предност, а потоа за време на еден од своите сервиси почувствува силен мирис кој се ширеше низ теренот. Таа се сврте кон судијката и се пожали.

„Некој пуши трева. Можете ли да направите нешто? Мирисот е многу силен“, рече Сабаленка.

По краткиот разговор, играта продолжи, а непријатниот мирис не успеа посериозно да ѝ го наруши фокусот на првата тенисерка во светот.