Шкендија (А) ја доби Брегалница во Штип и врза две победи
Натпреварот во најголем дел од времето донесе изедначена игра, без многу прилики, меѓутоа и двете екипи имаа по некоја шанса.
Сепак, мрежите мируваа се до самата завршница. Се играше 80-тата минута кога Максимов заработи црвен картон, а тоа многу брзо гостите и го искористија.
Aритон Мехмед во 85-тата минута упати еден удар надвор од шеснаесетникот, а топката на патот го погоди Андреј Рајков по што го промени движењето и заврши зад грбот на голманот Јашар кој немаше шанси да интервенира.
Во последните моменти од средбата директен црвен картон поради бурна реакција кај судијата Качевски заработи и Енис Фазлагиќ од редовите на гостите, но немаше време за Брегалница да дојде до гол за реми.
Така Шкендија дојде до десет бода сезонава, откако претходно забележа две победи, два порази и едно реми. Во следното коло ги чека натпревар на домашен терен против Скопје, додека Брегалница која денеска го запиша четвртиот пораз ќе гостува во Кратово кај СИлекс.