Пато станува газда на фудбалски клуб во Англија

Алесандре Пато ќе стане сопственик на најголемиот број акции во Нортемптон, откако неговата понуда официјално беше одобрена.

Поранешниот бразилски репрезентативец и фудбалер на Челси и Милан е еден од членовите на конзорциумот кој го купи мнозинскиот пакет акции во клубот од Лига 2 кој е четврти ранг во Англија.

Пато е именуван како еден од инвеститорите во „Спортс Алфа Капитал“, кој во оваа инвестиција влезе заедно со „Гемпкорп Капитал“, независен инвестициски тим од Лондон.

Бразилецот ја заврши играчката кариера минатата година, а најмногу се памети по периодот во Милан, со кој во 2011 година ја освои титулата шампион на Италија.

Фото: UEFA Champions League