Брозовиќ се враќа во Италија да игра за Гатузо?
Иако преодниот рок заврши, клубовите и понатаму можат да ангажираат фудбалери без договор, а Лацио токму на тој пазар бара искусни засилувања. Според италијанските медиуми покрај Брозовиќ, како можно засилување се споменува и поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Давид Алаба.
Италијанските медиуми наведуваат дека римскиот клуб има неколку слободни места во составот и размислува за ангажман на искусниот играч за врска. Тренер на Лацио е Џенаро Гатузо и Брозовиќ би му донел големо искуство, квалитет во организацијата на играта и одлично познавање на италијанската лига.
За Брозовиќ тоа би било враќање во лигата во која ги помина најдобрите години од кариерата. Во Италија пристигна на почетокот на 2015 година, кога од Динамо Загреб се пресели во Интер.
Во миланскиот клуб остана повеќе од осум години, стана еден од клучните играчи и ја освои титулата шампион на Италија, си замина во 2023 година кога се пресели во Ал Наср.
Фото: AlNassr